Активности

Понеделник, 30 март 2015 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 19. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за дополнување на Законот за техничката инспекција;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по двата Предлог-закони не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click