Активности

Среда, 29 октомври 2014 година

Деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 9. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Tој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседавачот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлог-законот учествуваа пратениците: Ромео Тренов, Магдалена Манаскова, Нада Ципушева, Никола Мицевски, Реџаиљ Исмаили и Марјанчо Колевски.

Врз основа на членот 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе и усвои девет амандмани.

По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

Click