Активности

Четврток, 16 април 2015 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 27. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ниметула Хаљими, заменик на министерот за транспорт и врски.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе еден амандман заради транспарентност на постапката за продажба и закуп на деловен простор согласно законсокото решение, кој беше усвоен со 7 гласа „за“.

Во претресот по амандманот учествуваа пратениците: г. Рамис Мерко, г. Благоја Деспотовски и г. Стојан Миланов.

Комисијата го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click