Активности

Понеделник, 17 ноември 2014 година

Јавна расправа на тема: „Работна верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка“

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на Дванаесеттата седница денеска одржа Јавна расправа на тема: „Работна верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка“.На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.

На Јавната расправа на тема: „Работна верзија на Предлогот на законот за општата управна постапка“ со своја дискусија учествуваа: Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, проф. д-р Борче Давитковски, професор на Правниот факултет Јустинијан Први, Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен,  Рахилка Стојковска, судија во Управен суд, Едита Насковска, судија во Управен суд, Благородна Арангелова, судија во Управен суд, Ромео Деребан од Државниот управен инспекторат и пратеникот Роза Топузова Каревска.

Врз основа на мислењата, предлозите и ставовите кои беа изнесени на јавната расправа, матичното работно тело, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе подготви Извештај кој ќе го достави до Собранието на Република Македонија. 

Click