Активности

Петок, 12 февруари 2016 година

Педесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на денешната 55. седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - прво читање.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Во образложението по Предлогот на законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија едногласно констатираше дека Предлогот на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click