Активности

Четврток, 8 октомври 2015 година

Плакета од Турскиот театар за претседателот Вељаноски 

Вечерва по повод 65-годишнината од работата на Националната установа Турски театар - Скопје, на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, му беше доделена Плакета во знак на благодарност за досегашната поддршка на Театарот.

По повод прославата на годишнината, на сцената на Македонскиот народен театар беше изведена претставата „Слуга на двајца господари“ од Карло Голдони, а во режија на Југел Ертен, гостин од Република Турција.
Click