Активности

Четврток, 22 јануари 2015 година

Потребна е заедничка одбрана во борбата против тероризмот

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, оствари средба со Албанска делегација, предводена од г-ѓа Мими Кодели, министер за одбрана на Република Албанија.

Средбата ја отвори претседателот на Комисијата, г. Емил Димитриев, кој истакна дека Македонија и Албанија се две соседни и пријателски земји, во добри односи, со заедничка ангажираност на полето на одбраната.

Тој потсети дека главните стратешки приоритети на нашата земја се членството во НАТО и ЕУ, дека иако Македонија не е дел од Алијансата, сепак партиципира во голем број мировни мисии.

Господин Димитриев очекува и во иднина продолжување на соработката со нашиот западен сосед, но и нејзино интензивирање.

Министерот Кодели ја покажа отвореноста на Албанија, како земја-членка на НАТО, за размена на искуства, кои би ни го олесниле патот до нашето членство во најголемата  безбедносна организација.

Таа беше децидна дека како сведоци на актуелните случувања во Франција, во Украина и низа други земји, потребна ни е заедничка агенда, иницијативи и проекти во борбата со глобалниот тероризам, затоа што секоја земја, без разлика дали е или не е членка на НАТО, не е имуна на терористичките феномени. Затоа, потребно е заеднички да се одбраниме од оваа бесмислена војна, со цел да се обезбеди мирот и безбедноста на сегашните и идните генерации.

Click