Активности

Петок, 17 октомври 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА КРАЛСТВОТО ШПАНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. РАМОН АБАРОА КАРАНЗА 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Н.Е. Рамон Абароа Каранза и притоа му посака добредојде и успешна работа.

Двајцата соговорници изразија задоволство за остварената средба и притоа искажаа заемна почит кон двете пријателски земји.

На средбата стана збор за продлабочување на парламентарната соработка преку официјални посети и соработка на парламентаните групи, сè со цел за развивање на парламентарната дипломатија.

Од страна на амбасадорот Каранза беше искажана поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија.

На средбата стана збор и за актуелните случувања во двете земји, за економските состојби и како двете земји се соочувале со предизвиците од оваа област досега.

Претседателот Вељаноски на амбасадорот му го честита изборот на Кралството Шпанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации на гласањето на Генералното собрание на светската организација.

Click