Активности

Вторник, 24 ноември 2015 година

Разгледан Извештајот за Република Македонија 

Комисијата за  европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска,   во рамките на 22. седница на Комисијата, расправаше по точката од  дневниот ред, посветена на Извештајот на Европската комисија за Република Македонија во 2015 година.

Воведно обраќање по темата од дневниот ред имаше Шефот на  Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, амбасадорот Аиво Орав, како и заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања г. Фатмир Бесими, кои се осврнаа на оценките за сработеното, нотирани во Извештајот за Република Македонија во 2015 година.

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети.

Во расправата, во која  учествуваа пратениците: г-ѓа Солза Грчева, г-ѓа Лидија Димова, г-ѓа Мерал Узеири Ферати, г. Горан Сугарески, г-ѓа Нола Исмајлоска, г-ѓа Ермира Мехмети и  г. Кенан Хасипи, меѓу другото, беа искажани мислења и ставови во врска со  потребните ЕУ реформи, наведени во препораките од „Итните реформски приоритети на ЕК", пред сè во правосудството, владеењето на правото и фундаменталните права, изборната реформа, јавната администрација.

Click