Активности

Среда, 24 септември 2014 година

Седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 7. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;
  2. Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (Прва фаза).

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија, на седницата присуствуваше заменик-министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Халими.

Во образложението по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по овој Предлог-закон учествуваа пратениците: Реџаиљ Исмаили, Лилјана Затуроска, Стојан Миланов, Солза Грчева, Благоја Деспотоски, Роза Топузова Каревска, Рамис Мерко, Фатмир Имероски и Љубица Буралиева.

Комисијата за транспорт, врски и екологија едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија констатира дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (I фаза), заедно со Мислењето на Владата на РМ, Комисијата за транспорт, врски и екологија, имајќи го предвид Мислењето на Владата на Република Македонија доставено по оваа Статутарна одлука, заклучи едногласно забелешките содржани во Мислењето на Владата,  да бидат забелешки на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ѝ предлага на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да ги вгради овие забелешки и да ги достави до Агенцијата за електронски комуникации.

Click