Активности

Понеделник, 25 јули 2016 година

Шеесет и осма седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на денешната 68. седница, ги разгледа:

  1. Предлог - законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Социјалистичка Република Виетнам за ослободување од визи за носителите на дипломатски или службени/официјални пасоши;
  2. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за взаемно признавање на јавни документи за стекнато образование и за стручни, академски и научни звања;
  3. Предлог-закон за ратификација на  Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации;
  4. Предлог-закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија).

На седницата на Комисијата во својство на повереник на Владата на Република Македонија присуствуваше Наташа Десковска од Министерството за надворешни работи и Наташа Десковска од Министерството за надворешни работи кои ги образложија Предлог-законите.

Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги донесе горенаведените Предлог-закони. 

Click