Активности

Вторник, 31 мај 2016 година

Шеесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 66. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Фатон Положани.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлог-законот.

Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 

Click