Активности

Четврток, 26 февруари 2015 година

Средба на потпретседателот Милошоски со новоименуваниот американски амбасадор, г. Бејли

Потпретседателот на Собранието, г. Антонијо Милошоски вчера оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е Џес Бејли.  

Потпретседателот Милошоски му посака успешен мандат на амбасадорот Бејли и воедно го нагласи стратешкото пријателство помеѓу двете земји во сите полиња на билатералната соработка. 

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, како и за политичката состојба во Република Македонија, и амбасадорот Бејли ја реафирмираше поддршката на САД за што побрзо зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. 

Исто така, беше спомената и важноста од продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји и продолжување на поддршката на САД на регионот во борбата против транснационалниот организиран криминал. 


Click