Активности

Четврток, 13 јули 2017 година

Средба на пратеникот Груби со хрватската амбасадорка Баришиќ

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија, се сретна со хрватската амбасадорка во Македонија, г-ѓа Данијела Баришиќ.

Господин Груби и хрватската амбасадорка разменија мислења за состојбата во Македонија и регионот, евроатланската перспектива, односите со соседите, законот за употреба на албанскиот јазик како и реформите.

Хрватска е голем поддржувач на Македонија и евроатланските аспирации на Скопје. Пратеникот Груби од амбасадорката Баришиќ побара засилена поддршка од страна на Хрватска со цел поскоро зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

Господин Груби изрази целосна поддршка за постигнување на договорот за добрососедство со Бугарија како чекор кон постабилен и посигурен регион и ќе ја охрабри Владата да ја има истата храброст и во надминувањето на спорот за името со Грција.

Стратегијата на итно затворање на отворените прашања со соседите е добра стратегија за целиот регион, но во меѓувреме, Собранието и Владата треба да спроведат системски реформи и да го покажат новото лице на Скопје пред нашите меѓународни пријатели.

Тој во овој контекст истакна дека, Комисијата за европски прашања успеа да постигне надпартиска хармонизација за Декларацијата за унапредување на интегративните и реформските процеси кои произлегуваат од Договорот од Пржино која што ќе претставува столб за следните реформи.

Соговорниците разговараа и за јазичната еднаквост во согласност со Уставот и Охридскиот договор, со што г.Груби ја запозна гостинката дека Законот за јазиците, веќе е усогласен и се чека усвојување од страна на Владата, за да продолжи постапката во Венецијанската комисија и во Собранието на Македонија.

Click