Активности

Петок, 21 август 2015 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, Г. ФАТОС РЕКА            

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Македонија, г. Фатос Река. На почетокот на средбата двајцата соговорници изразија големо задоволство од првата средба и можноста да се разменат мислења.

Претседателот Вељаноски и амбасадорот Река се согласија дека парламентарната дипломатија е еден од важните елементи на дипломатијата во целост и дека соработка помеѓу Македонија и Албанија е најдобар пример за тоа.

Амбасадорот Река изрази надеж дека неговиот амбасадорски престој во Македонија ќе биде продуктивен и ќе добие поддршка во развојот на многу области, особено во однос на равојот на економската соработка. Од големо значење е ангажманот на амбасадорот особено поради етничкo албанскaта заедница во Македонија.

Претседателот Вељаноски истакна дека Република Албанија е соседска пријателска држава со која постои одлична соработка во многу области. Исто така укажа на одличната парламентарна соработка на највисоко ниво. Од особено значење е заедничкиот придонес во развојот и подобрувањето на животот на граѓаните за кој постои можност да се постигне и на регионално ниво, потенцираше претседателот Вељаноски.

Двајцата соговорници се согласија дека заедничките средбите се позитивен пример за граѓаните и дека преку нив може да се дојде до нови идеи за развој. Беше потенцирана и важноста на албанската етничка заедница во Македонија како и на македонската заедница во Албанија.

На крајот изразија желби за понатамошна соработка и заеднички проекти на двете земји и се согласија околу идејата дека посветувањето на внимание неизбежно води кон успех.

Click