Активности

Сабота, 23 мај 2015 година, Тирана

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Илир Мета

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски денеска учествуваше на втората Пленарна сесија на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Албанија, Тирана. На Пленарната сесија, претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, г.Илир Мета.

Двајцата спикери искажаа задоволство од можноста да разговараат и да разменат мислења за актуелните предизвици со кои се соочуваат двете држави. Исто така, го нагласија значењето на парламентарната соработка во процесите на интеграција и изразија задоволство од досегашната регионална соработка.

При тоа, беше констатирано дека постои простор за унапредување на соработката на полето на енергетиката, животната средина, земјоделството и туризмот. И во оваа прилика беше потенцирано значењето на Охридскиот рамковен договор и неговата целосна инплементација.

Двајцата претседатели на парламенти се осврнаа и на развојот и изградбата на Коридорот 8, односно изградбата на железничката линија меѓу Македонија и Албанија, што дополнително би ги поврзало двете земји, како и регионот.

Click