Активности

Понеделник, 13 октомври 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со претставници на Сојузот на борците

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска оствари средба со претседателот, потпретседателите и членови на Сојузот на борците на Македонија, г. Тодор Атанасовски, г. Томе Малески, г-ѓа Верка Бунтеска и г. Борис Стојановски, лично честитајќи им го 11 Октомври - Денот на народното востание и потенцирајќи го значењето и нивната улога во слободата и нејзината благодет, која денес ја имаме благодарение на нивната храброст, истрајност и безусловни залагања.

 

 

 

 

 

 

 

На средбата соговорниците разменија мислење за актуелната состојба на политички план во Република Македонија, за проблемите и предизвиците како дел од секојденевието, за посветеноста и напорите кои се прават за реализација на стратешките определби на нашата држава.

Претставниците на Сојузот на борците го запознаа претседателот со свои видувања за одредени прашања, со проблемите со кои се соочуваат во текот на активностите и функционирањето на Сојузот.

Претседателот Вељаноски и гостите заедно го посетија реновираниот дел од зградата на Собранието каде што се наоѓа и Спомен-собата од АСНОМ, којашто е направена 2004 година по повод 60 години од Првото заседание на АСНОМ, а минатата, 2013 година, во состав на целокупната реконструкција на парламентарната зграда, истата е реновирана.

Click