Активности

Четврток, 30 јули 2015 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 39. седница, одржана денеска, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска, Нола Исмајлоска, Драган Данев, Александар Николоски, Рамиз Мерко, Реџаиљ Исмаили, Вјолца Мехмети Нуредини и Каљтрина Азизи;
  2. Предлог-законот за изменување  и дополнување на Законот за градење; 
  3. Предлог-законот за изменување  и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.

Пратеникот Лилјана Затуроска, во својство на претставник на предлагачите на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, даде образложение по истиот.

Во својство на претставник на Владата на Република Македонија, на седницата присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски, кој даде образложение по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај. 

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по овие три Предлог-закони. Комисијата ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

Click