Активности

Вторник, 26 мај 2015 година

Триесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија,  на 30. седница, одржана на 21 и 26 мај 2015 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство- I читање;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај-II читање.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Во образложението по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство, г.  Хаљими ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваше пратеникот Лилјана Затуроска.

На крајот од расправата, Комисијата со 8 гласа ,,за’’ констатираше дека Предлогот на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието, Комисијата поднесе еден амандман кој едногласно беше усвоен.

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлогот на законот, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија

 

Click