ЕУ вести

Понеделник, 9 мај 2016 година

Папата Францис награден за промовирање на европските вредности

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис, е добитник на овогодинешната награда „Карло Велики“ за вложените напори во промовирањето на европските вредности на мирот, толеранцијата, сочувството и солидарноста“. 

Годинешниот лауреат испрати порака на надеж во која се повикува Европа на поголемо единство и солидарност. 

Претседателите на Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет, г. Жан-Клод Јункер, г. Мартин Шулц и г. Доналд Туск, учествуваа на церемонијата на доделувањето на наградата во Ватикан и самите како претходни добитници на истата.

Пред церемонијата на доделувањето, папата Францис одржал миса во базиликата Свети Петар, на која присуствувале тројцата претседатели. 

79-годишниот папа Францис, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Тој е 266-от папа на Римокатоличката црква. 

Инаку, наградата „Карло Велики“ ја доделува германскиот град Ахен од 1950 година за придонес кон европското единство.

Click