Собраниско раководство

Среда, 31 декември 2014 година

Новогодишно обраќање на претседателот Вељаноски

Почитувани сограѓани,

На прагот од новата 2015 година би сакал за миг да се вратиме на годината која изминува. Лично, убеден сум дека во изминативе дванаесет месеци имавме многу убави моменти и задоволства. Затоа, во новата 2015 година на сите наши граѓани им посакувам пред сè здравје и лична среќа.
 
Верувам дека ние сите со нашата посветеност, сплотеност и чесност, кои се карактеристики на нашите граѓани, можеме во новата 2015 година да направиме многу и тоа за секој од нас поединечно, за нашите семејства и за Република Македонија.

Посакувам во Новата година, токму врз тие атрибути, Парламентот и парламентарната демократија да функционираат онака како што доликува на едно современо општество и европска држава, а Република Македонија и цивилизациски и културно е дел од Европа.
 
Затоа, посакувам и во новата 2015 година стабилна Македонија, поголем економски просперитет на сите граѓани и нека ни бидат здрави и живи семејствата.

 

« Видео запис од обраќањето »

Click