Собраниско раководство

Вторник, 3 јуни 2014 година

Претседателот Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, г. Вен Џеншун

На денешната средба, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, му посака добредојде и успешна работа во новиот мандат на новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Вен Џеншун.

Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлична билатерална соработка, пријателски односи и изразија желба таквата соработка да продолжи и понатаму со помош на новиот амбасадор, работејќи на нови проекти.

На средбата се разговараше за досегашните успешни проекти остварени во соработка со претходните амбасадори на Народна Република Кина во Република Македонија, како проектите за изградба на автопатот Миладиновци - Штип и автопатот Кичево – Охрид, кои се реализираат преку соработка и поддршка на Владата на Народна Република Кина, а претставуваат дополнителен стимул за продлабочување на соработката меѓу двете земји во сите сфери на заеднички интерес.

Амбасадорот Џеншун изрази благодарност за средбата и пренесе честитки до претседателот Вељаноски за неговиот реизбор за претседател на Собранието на Република Македонија од претседателот на Секинескиот народен конгрес и од свое лично име. 

Претседателот Вељаноски, заблагодарувајќи се за честитките, го истакна значењето на парламентарната дипломатија во унапредувањето на добрите односи меѓу две земји, при што упати отворена покана до својот колега, претседателот на Секинескиот народен конгрес на Народна Република Кина, г. Џанг Деџианг, за официјална посета на Република Македонија.

На крајот, претседателот Вељаноски ја потенцираше отвореноста на Собранието за соработка и за непосредна и континуирана комуникација со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија.   

Click