Собраниско раководство

Понеделник, 14 јули 2014 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО Г. МАЈКЛ САДЕРЛЕНД, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА

На почетокот на средбата, г. Мајкл Садерленд, изрази задоволство од можноста да ја посети Република Македонија, да се увери во гостопримството на нејзините граѓаните, како и од можноста за средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. 

Претседателот Вељаноски на средбата истакна дека посетите на највисоко ниво придонесуваат за продлабочување на соработката на двете држави, што подразбира и соработка на парламентарно ниво. Соговорниците се согласни дека преку посетите на Групите за соработка на двата Парламенти, ќе се даде значен импут на добрите и пријателски односи на двете држави.

Двајцата соговорници разговараа за значењето и придонесот кој македонската заедница го дава во Австралија и констатираа дека токму македонската заедница во Австралија е во постојан подем и е вклучена во политичките и економските текови на австралиското општество. Исто така, на средбата беше истакнато дека македонската заедница е задоволна од односот кој државата го има кон нив и од начинот на кој им возвраќа за посветеноста и лојалноста.

Соговорниците укажаа и на значењето од унапредување на севкупните односи меѓу двете држави, особено во економската сфера, како и инвестирање на австралиски компании во Република Македонија. Претседателот на Парламентот на Западна Австралија посочи дека особено развиена гранка во Западна Австралија е рударството и во тој дел може да биде развиена соработка со Република Македонија.

Во текот на средбата, г. Садерленд се интересираше и за политичките случувања во Република Македонија, како и за економскиот напредок. Тој изрази воодушевеност од напредокот и модернизацијата на главниот град, и оти тоа е добар показател за економска стабилност.

Click