Соопштенија

Петок, 9 октомври 2015 година

Делегација на Собранието на Република Македонија на Парламентарното Собрание на НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација Ермира Мехмети, а во чиј состав се и членовите Павле Трајанов и Горан Сугарески, од 9 до 12 октомври ќе учествуваат на 61. Годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, што се одржува во Ставангер, Кралството Норвешка.

На сесијата учествуваат претставници од 28. земји-членки на НАТО, од 13 асоцијативни членки, 4 медитерански асоцијативни земји, како и 8 делегации од парламентите-набљудувачи, односно околу 360 делегати.

На сесијата ќе се расправа за предизвиците со кои се соочува Алијансата, како и за придонесот што парламентите може да го дадат во нивното надминување и понатамошниот развој на НАТО.

Click