Соопштенија

Вторник, 30 септември 2014 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2014 година (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2014 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.

Во областа на културата и уметноста, наградата за животно дело ќе им биде доделена на Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент, Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и академик Катица Ќулавкова, писателка.

Click