Соопштенија

Петок, 9 октомври 2015 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2015 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2015 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му биде доделена на академик Митко Маџунков, писател.Наградата за животно дело во областа на образованието и науката, наградата им се доделува на: проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Click