Соопштенија

Понеделник, 19 октомври 2015 година

Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2015 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2015 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на: Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник, Фејзи Бојку, писател и Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички критичар.

Click