Соопштенија

Понеделник, 1 декември 2014 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2014 година (понеделник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2014 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, се доделува на проф. д-р Амет Шериф, историчар и на проф. д-р Велимир Стојковски, биохемичар.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност.

Click