Соопштенија

Среда, 7 септември 2016 година

Собраниска делегација на Регионална конференција во Белград

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања и г. Талат Џафери член на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија ќе учествува на Регионална конференција на тема: „Зајакнување на регионалната соработка помеѓу парламентите од Западен Балкан со цел подобрување на менаџирањето со јавните финансии". 

Конференцијата е во организација на Вестминстер Фондацијата за демократија и Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и европски интеграции на Западниот Балкан и ќе се одржи на 9 и 10 септември, 2016 година во Белград, Република Србија, на која ќе учествуваат делегации од националните парламенти на земјите од Западен Балкан и претставници од Светската Банка.

На Конференцијата ќе бидат разгледани неколку теми кои се во функција на зајакнување на контролната функција на националните парламенти како што се: запознавање со програмата за јавните расходи и финансиска одговорност (ПЕФА), потребата од отворен буџетски процес и посилна финансиска контрола, соработката помеѓу државните заводи за ревизија и националните парламенти, како и можностите за соработка помеѓу министерствата за финансии и комисиите за финансирање и буџет.

Click