Собраниско раководство

Четврток, 30 мај 2019 година

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворени врати 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, во заедничката изјава на државниот врв, по примањето на Извештајот од Европската комисија во претседателската Вила Водно, рече дека „Извештајот јасно покажува дека Република Северна Македонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Самитот на Европската Унија од минатиот јуни за можноста до овој јуни да ги исполниме тие препораки, и тоа е доказ дека ние нашиот дел сме го завршиле.

 

 

 

 

Во контекст на Собранието, задоволен сум што Амбасадорот Жбогар и Европската комисија го издвојуваат значајниот придонес на институцијата на чие чело сум јас, како единствена институција во регионот која функционира во полн состав, и со претставници на власта и со претставници на опозицијата, нешто во кое се вложил сиот политички спектар во земјава и во тој контекст, очекуваме овој Извештај да биде дополнет со она што е одлука на ЕУ, односно определување на датум за отпочнување на пристапните преговори, со што Европската Унија уште еднаш ќе докаже дека стои на определбата за отворени врати за проширување.

Со тоа, уште еднаш ќе се признае придонесот на сите институции кои макотрпно, меѓутоа особено и придонесот на нашите граѓани, кои безусловно нè поддржаа на ова патување, за да дојдеме до овој конечен успех за Извештајот да биде безусловен“, истакна Џафери.

Click