Собраниско раководство

Четврток, 26 септември 2019 година

Претседателот Џафери одржа предавање на Правниот факултет во Казахстан 

Во рамките на официјалната посета во Република Казахстан, претседателот Џафери одржа предавање на Правниот факултет на Универзитетот KAZGUU, на тема: „Парламентарна дипломатија – примерот на Собранието на Република Северна Македонија“.

На предавањето, организирано од Дипломатскиот академски клуб, покрај студенти и професори на Правниот факултет, присуствуваа и амбасадори и дипломати. 

 

"...Парламентарната дипломатија е комплементарна со традиционалната дипломатија, а не нејзин конкурент. Парламентарците секако немаат намера да го заземат местото на извршната власт или да се мешаат во нејзините иницијативи. Но, мора да се напомене дека парламентарната дипломатија е попрагматична и пофлексибилна, бидејќи парламентарците имаат „слобода на маневар“ што понекогаш им недостасува на владите или дипломатите. Парламентарците (и од власта и од опозицијата) се во идеална положба да градат мостови меѓу спротивставените страни, бидејќи имаат можност да разгледуваат ставови што официјалните претставници на владите не се во можност (или подготвени) да ги пренесат..."



Click