Собраниско раководство

Среда, 27 ноември 2019 година

Претседателот Џафери Ѝ врачи признание на новинарката Мира Костиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери денеска одржа редовна средба со претставниците на медиумите, на која информираше за тековните активности на Собранието во наредниот период.

 

На денешната средба со новинарите, претседателот Џафери на новинарката од Македонското радио, г-ѓа Мира Костиќ, по повод нејзиното заминување во пензија, ѝ врачи Признание за вложениот труд и професионалноста за време на сите години додека известувала за работата на Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот Џафери, во име на сите пратеници и во име на Собранието на Република Северна Македонија ѝ заблагодари на г-ѓа Костиќ за придонесот што како собраниски известувач го дала во развојот и унапредувањето на демократијата во Собранието на Република Северна Македонија.  

Click