Собраниско раководство

Вторник, 27 ноември 2018 година

ПРОШТАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА, Г. ПРЕДРАГ МИТРОВИЌ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, г. Предраг Митровиќ.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од досегашната успешна билатерална соработка и се заблагодари на амбасадорот за ангажманот и работата во текот на неговиот мандат за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.

Амбасадорот Митровиќ се заблагодари на можноста за средбата и изрази уверување дека Црна Гора и понатаму ќе продолжи да ја подржува Република Македонија во нејзиниот пат за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

На крајот на средбата, претседателот Џафери му посака понатамошен успех на амбасадорот Митровиќ во неговиот иден професионален ангажман.  

Click