Собраниско раководство

Понеделник, 22 октомври 2018 година, Прага

Средба на претседателот Џафери со чешкиот премиер Бабиш

Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери оствари средба со  Андреј Бабиш, премиер на Чешката Република. 

Премиерот Бабиш истакна дека билатералните односи меѓу Чешката Реублика и Република Македонија се одлични, без отворени прашања и одвиваат во интензивна комуникација. Чешката Република и понатаму ќе дава силна поддршка на евротлантските интеграции на РМ, бидејќи државите од Западен Балкан се многу важни за Европа и претставуваат нејзин природен дел. Во однос на миграциските движења, Бабиш посочи дека РМ беше држава која прва се соочи со напливот на мигранти од Сирија и која  успешно се справи со менаџирањето на овој предизвик.

Претседателот Џафери го запозна соговорнкот со актуелната состојба во РМ, особено за процесот на пристапување кон измена на Уставот на РМ, како и преземените чекори кон унапредување на соработката со соседите, особено потпишувањето на договорите со Република Бугарија и со Република Грција. Отворањето на процесите за интеграција на РМ во ЕУ и НАТО резултираше со започнување на скринингот со ЕУ минатиот месец и стартот на пристапните разговори со НАТО минатата седмица. Сите државни иснтитуции во РМ посветено работат на финализирање на овие стратешки цели за државата, кои едновремено имаат силна поддршка од огромен процент на населението во РМ. Во однос на мигрантската криза, претседателот на Собранието упати искрена благодарност за конкретната помош, за логистичката поддршка на чешките полицајци на македонско-грчката граница кои секојдневно придонесуваат за стабилноста. Во тој контекст, претседателот Џафери ја реафирмираше благодарноста за  помошта и поддршката на Чешката Република, која заедно со Унгарија, Полска и Словачка како држави членки на Европската унија и на Вишеградската група, и пружија максимална помош на Република Македонија во справувањето со мигрантскиот бран. 

Премиерот Бабиш се заложи за посилна економска соработка меѓу двете земји, поголеми чешки инвестиции во РМ, како и подинамична работа на Мешовитата комисија за економска соработка при Стопанската комора. Двајцата соговорници изразија взаемно уверување дека одржувањето на континуирана соработка на сите нивоа ќе придонесе кон јакнење на билатералните односи, нивна надградба и унапредување. 

Во составот на нашата делегација се и пратениците Јагода Шахпаска, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Чешката Република, Теута Билали и Владанка Авировиќ, членови на Групата. 

 

Средба на претседателот Џафери со чешкиот премиер Бабиш

Click