Средба на претседателот Џафери со eврокомесарот за соседска...

Среда, 15 јануари 2020 година

Средба на претседателот Џафери со eврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Оливер Вархеји

Нагласувајќи дека посетата на еврокомесарот ја смета за поддршка на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат и покрај застојот со кој се соочува, претседателот Џафери изрази надеж дека заедничките напори ќе резултираат со одлука за почеток на преговорите во март или мај оваа година. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорката Бурнс...

Среда, 15 јануари 2020

Средба на претседателот Џафери со амбасадорката Брнз

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз. 

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери на традиционален Божиќен ручек кај пог...

Четврток, 9 јануари 2020 година

Претседателот Џафери на традиционален Божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска присуствуваше на традиционалниот Божиќен ручек што поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, редовно го приредува по повод божиќните празници и својот именден - празникот на Св. Првомаченик Стефан. На ручекот присуствуваa и претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Спасовски, како и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Република ...

Четврток, 9 јануари 2020 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Република Турција Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок

Претседателот Џафери му посака на амбасадорот успех во извршувањето на одговорната дипломатската мисија и изрази задоволство од високото ниво на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, а особено од плодната соработка меѓу двете собранија. 
Прочитај повеќе

Новогодишно дружење на претседателот Џафери со дечињата...

Понеделник, 30 декември 2019 година

Новогодишно дружење на претседателот Џафери со дечињата

Денеска претседателот Џафери и Собранието на Република Северна Македонија беа домаќини на најмалите и најдраги гости, дечињата на пратениците и вработените во законодавниот дом, за кои беа подготвени пригодни новогодишни пакетчиња кои им ги доделуваше Дедо Мраз. Претседателот Џафери им посака добро здравје и многу среќни насмевки и ги покани да бидат редовни гости на Собранието на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

Со посебна свеченост во Собранието одбележано усвојувањето ...

Петок, 27 декември 2019

Со посебна свеченост во Собранието одбележано усвојувањето на Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост

Со свечен настан во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп (ИППГ) и Полио Плус – движење против хендикеп, денеска во Собранието на Република Северна Македонија беше одбележано усвојувањето на Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери со свечен прием за медиумите...

Среда, 25 декември 2019

Претседателот Џафери со свечен прием за медиумите

Претседателот Џафери приреди свечен прием на кој беа поканети претставниците на медиумите кои известуваат за работата на Собранието на Република Северна Македонија, при што им ја честиташе и лично Новата 2020 година со желба за понатамошно продолжување на соработката.

Прочитај повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПОДАРИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА 24.12.19...

Вторник, 24 декември 2019

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПОДАРИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, и оваа година продолжи со веќе воспоставената традиција на подарување новогодишни пакетчиња во форма на непрехранбени, односно со едукативен материјал и прехранбени пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“, во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ и на болните деца на Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Шентоп ...

Сабота, 21 декември 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп 

Претседателот Џафери изрази задоволство и честитки што посетата се реализира на овој значаен ден за турската заедница во Република Северна Македонија, односно 21-ви Декември, Денот на наставата на турски јазик. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г-ЃА ШАРИ БРАЈАН, ПОТПРЕТ...

Четврток, 12 декември 2019

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Г-ЃА ШАРИ БРАЈАН, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ (НДИ)

На средбата, претседателот Џафери ѝ посака добредојде на г-ѓа Брајан и изрази задоволство од досегашната соработка со НДИ, која досега е на одлично ниво, и го нагласи придонесот на НДИ во Собранието преку разните проекти и програми. 
Прочитај повеќе
1234...40                                         
Click