Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Росана Дуџак, постој...

Вторник, 29 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Росана Дуџак, постојан координатор на ООН во Република Северна Македонија

На денешната средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, со постојаниот координатор на ООН во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак, беа разменети повеќе информации и идеи околу тоа како да се продлабочи соработката меѓу органите и телата на ООН и Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со делегација од Стопанската...

Вторник, 29 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, во состав: Енес Ибрахим, претседател; Амди Бајрам, Јусуф Хасани, Теута Биљали и Драган Цуклев, членови на Пратеничката група, денеска остварија средба со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, а во чиј состав беа потпретседателот Есер Џевахир, замениците на претседателот - Имер Селмани и Турхан Адеми и извршниот директор Шахпаз Молалиев.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Давид Сасоли, претседател...

Четврток, 24 октомври 2019 година, Стразбур

Средба на претседателот Џафери со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

Во Европскиот парламент во Стразбур, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, како и потпретседателката Клара Добрев.

Прочитај повеќе

Пораки за силна поддршка од европратениците за европската п...

Четврток, 24 октомври 2019 година, Стразбур

Пораки за силна поддршка од европратениците за европската перспектива на Република Северна Македонија

Покрај учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти на земјите членки на Советот на Европа која се одржува во Стразбур, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, оствари и средби со пратеници во Европскиот парламент кои оваа недела заседаваат во Франција.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор...

Вторник, 22 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Н.Е. Георг Вуцас

Двајцата соговорници ги оценија билатералните политички односи како пријателски, конструктивни и отворени и ја поздравија сѐ поинтензивната економска соработка. Од наша страна беше изразена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Австрија за процесот на проширување и вклучување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Народн...

Четврток, 17 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ

Претседателката Маја Гојковиќ изрази благодарност за учеството на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија на 141. Собрание на ИПУ на високо претседателско ниво, како и задоволство што парламентарните односи меѓу Република Србија и Република Северна Македонија се високо развиени, со бројни средби како на билатерално, така и на мултилатерално ниво. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со делегациjaта на Австралиј...

Среда, 16 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со делегациjaта на Австралија во ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), предводена од претседателот Талат Џафери, денеска оствари средба со делегациjaта на Австралија во ИПУ, предводена од Луси Викс, пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија. Средбата беше реализирана во рамките на 141. Собрание на ИПУ, што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија.

Прочитај повеќе

Средби на претседателот Џафери со делегациите на Мексико и ...

Вторник, 15 октомври 2019 година

Средби на претседателот Џафери со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија, делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, предводена од претседателот Талат Џафери, денеска оствари средби со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државнио...

Понеделник, 14 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан 

Претседателите на парламентите на Северна Македонија и Словенија се согласија дека оваа средба претставува уште една потврда на одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство, долгогодишна конструктивна соработка и поддршка на билатерален и мултилатерален план.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Иранскио...

Понеделник, 14 октомври 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Иранскиот парламент, Али Ардешир Лариџани

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија, беше остварена средба помеѓу Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Али Ардешир Лариџани, претседател на Парламентот на Исламската Република Иран, на негово барање.

Прочитај повеќе
1...456...40                                         
Click