Собраниско раководство

Четврток, 21 ноември 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Спомен - академијата во чест на претседателот Вудро Вилсон, по повод 100-годишнината од Парискиот мировен договор  

Почитуван лидер на Демократската унија за интеграција, г. Ахмети,
Почитуван градоначалник на Чаир, г. Ганиу,
Почитувани претставници на локалните институции,
Почитувани претставници на локалната самоуправа од Соединетите американски држави,
Дами и господа,

Денес имам чест да во продолжение на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“, ве поздравам во својство на Претседател на Собранието на Република Северна Македонија и во име на моите колеги пратеници, и да учествувам на овој настан, на откривањето на бистата на поранешниот американски претседател Вудро Вилсон пред зградата на Општина Чаир, а претходно на Спомен академијата во чест на оваа истакната личност на американскиот народ, меѓутоа и светска личност, кој заслужил почесно место во историјата на албанскиот народ и не само таму, туку и пошироко, во страдалничкиот Балкан кој некако отсекогаш бил просторот кон кој ги одразувале своите аспирации оние кои не биле природен дел од овој простор. Претседателот Вилсон бил визионер, дипломат и човек со јасен светоглед дека Претседателот треба секогаш да биде во служба на народот и дека народот е суверенот и тој самиот мора да одлучува за својата судбина. Тој бил против тоа да големите сили одлучуваат за судбината на малите држави, колку и да се тие немоќни. Токму овој негов принцип бил и неговиот патоказ и иницијатор за одигрување на толку важна улога за време на преговорите на Париската мировна конференција каде европските сили продолжиле со традиционалната дипломатија. 

И сега, кога живееме во нова реалност, повторно сме благодарни на Соединетите Американски Држави што се наши стратешки партнери во остварувањето на нашите цели од осамостојувањето на државата, односно полноправното членство во НАТО и ЕУ, за силната поддршка што и ја даваат на земјата, но и на целиот регион на Западен Балкан.  

Ви честитам и благодарам за вниманието! 





Click