Соопштенија

Среда, 18 април 2018 година

Комисијата за европски прашања во официјална посета на Софија

На покана на претседателот на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија, г. Кристијан Вигенин, делегација од Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања и членовите ќе престојуваат во официјална посета на Софија, од 18 до 19 април 2018 година. 

Во Делегацијата учествуваат и г-ѓа Јулиана Николова, г-ѓа Татјана Прентовиќ и г. Трајчо Димков, членови на Комисијата.

Делегацијата ќе има средби со заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева; министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, г-ѓа Лилиана Павлова; потпретседателот на Народното собрание на Република Бугарија, г-дин Емил Христов и г-ѓа Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика; претседателот  г. Борис Вангелов и членовите на Групата за пријателство Бугарија-Македонија; како и со домаќините на партнерската Комисија предводена од г. Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија. 

Посетата се реализира по објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2017 година и во светло на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската Унија. 

Click