Соопштенија

Четврток, 3 мај 2018 година

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 115-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Далибор Богдановски, г. Горан Манојловски и г-ѓа Жаклина Пешевска на 4 мај (петок) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.