Соопштенија

Четврток, 28 септември 2017 година

Собраниска Делегација на Интерпарламентарна конференција за независна и современа јавна администрација

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратенците: Хари Локвенец, Петар Атанасов и Невенка Стаменковска, од 28 до 29 септември 2017 година, ќе учествува на Интерпарламентарна конференција на тема: „Независна и современа јавна администрација“ во Даниловград, Црна Гора.

На претстојната Интерпарламентарна конференција се очекува учество на европратеници и членови на разни комисии во рамките на Европскиот парламент, како и учество на министри и претставници од Парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувања за идните предизвици во овој домен.

Исто така, на Конференцијата предвидено е да има расправа и за евроинтегративните перспективи на земјите од Западен Балкан и Турција.



Click