Соопштенија

Четврток,  22 февруари 2018 година

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ 

Од 22 до 23 февруари 2018 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ на кое ќе учествуваат  пратениците: г. Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, г-ѓа Јагода Шахпаска, член и г. Фадил Зендели, заменик- член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за Koнтрола на оружјето, разоружувањето и непролиферација: предизвици и можности за регионот на ОБСЕ (Прва комисија), Климатска криза: Развивање на долгорочни стратегии за справување со климатските промени и нејзините глобални последици (Втора комисија),  Поддршка на демократијата во ера на 'лажни вести' (Трета комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 7 јуни до 11 јули 2018 година во Берлин.

Господин Владимир Ѓорчев и г-ѓа Јагода Шахпаска ќе учествуваат и на состанокот на  „Silk Road Support Group” („Групата за поддршка на Патот на свилата“)  на ПС на ОБСЕ што ќе се одржи на  22 февруари 2018 година, во својство на членови на оваа група од Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати г. Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ, г. Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ, г. Филипо Ломбарди, претседател на Ад-хок комитетот за миграција. 

Click