Соопштенија

Понеделник, 19 март 2018 година

Собраниска делегација во официјална посета на Република Бугарија

На покана на претседателот на Групата за пријателство Бугарија-Македонија во Народното собрание на Република Бугарија, г. Борис Ванѓелов, Делегација од Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, предводена од г-ѓата Фросина Ташевска-Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата, ќе престојува во официјална посета на Софија, од 20 до 22 март 2018 година. Во Делегацијата учествуваат и г. Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата, како и пратениците г. Илија Николовски, г. Реџаиљ Исмаили и г. Реџеп Мемеди, членови на Групата.

Делегацијата ќе има средби со претседателката на Народното собрание на Република Бугарија, г-ѓа Цвета Карајанчева; претседателот г. Борис Вангелов и членовите на Групата за пријателство Бугарија-Македонија; г-ѓа Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика и со г. Кристијан Вигенин, претседател на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови во Народното собрание на Република Бугарија. Исто така, Делегацијата ќе се сретне и со заменик-претседателката на Владата на Република Бугарија за правосудна реформа и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓата Екатерина Захариева и со претставници во Министерството за транспорт, информациски технологии и комуникации на Република Бугарија.

Посетата се реализира по ратификацијата и стапувањето на сила на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и во светло на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската Унија. 

Click