Соопштенија

Петок, 16 ноември 2018 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија во состав: Шпреса Хадри, Лидија Тасевска и Владанка Авировиќ, ќе учествуваат на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европската Унија (КОСАК), што ќе се одржи од 18 до 20 ноември 2018 година во Виена, Република Австрија.

повеќе...

Петок, 16 ноември 2018 година

Учество на Комисијата за култура на меѓупарламентарен комисиски состанок во Европскиот парламент

На покана од Европскиот парламент, претседателката на собраниската Комисија за култура, Ирена Стефоска, ќе учествува на меѓупарламентарен комисиски состанок на тема „Европско културно наследство“ што ќе се одржи на 19 и 20 ноември во Европскиот парламент во Брисел, Кралство Белгија.

повеќе...

Сабота, 10 ноември 2018 година

Положување венци свежо цвеќе по повод 13 Ноември

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од попретседателот Горан Мисовски, а во состав: Татјана Прентовиќ, Илија Николовски, Весна Дамчевска-Илиевска и Нола Исмајлоска-Старова, на 13 ноември 2018 година (вторник), ќе положи венец свежо цвеќе, и тоа: 

повеќе...

Петок, 9 ноември 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

По повод одбележување на Примирјето од 1918 година и сеќавање во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: Бети Рабаџиевска-Наумовска, Кети Смилевска и Африм Гаши, на 11 ноември (недела) ќе положи венци свежо цвеќе во:

повеќе...

Понеделник, 5 ноември 2018 година

Пратеникот Бетиан Китев на Парламентарна конференција во Дубровник

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Бетиан Китев, на 6 ноември 2018 година ќе учествува на Парламентарна конференција на тема „Градење на демократска безбедност на Медитеранот, заеднички предизвици, поделена одговорност“, која се одржува во  Дубровник, Република Хрватска.  

повеќе...

Понеделник, 22 октомври 2018 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав: Диме Велковски и Жаклина Пешевска, на 23 октомври 2018 година (вторник), во 10:30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје. 

повеќе...

Недела, 21 октомври  2018 година

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Чешка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по покана на претседателот на Претставничкиот дом, Радек Вондрачек, на 22 и 23 октомври 2018 година ќе престојува во официјална посета на Република Чешка. 

повеќе...

Среда, 10 октомври 2018 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2018 година (четврток), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово, и тоа:

повеќе...

Вторник, 9 октомври 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Виена

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Ејуп Аљими координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и г. Горан Милевски копретседавач со Мешовитиот парламентарен Комитет Република Македонија - Европска Унија ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на Заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 10 до 12 октомври 2018 година во Виена, Република Австрија.

повеќе...

Понеделник, 8 октомври 2018 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2018 година (четврток), во Свечената - кристална сала на Собранието на Република Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2018 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 11
  •