Учество на Комисијата за транспорт, врски и екологија на ср...

Вторник, 19 март 2019 година

Учество на Комисијата за транспорт, врски и екологија на средба на работна група за животна средина 

На 20 март 2019 година, со почеток во 10 часот, во „Парк хотел и спа“ во Скопје, ќе се одржи првата средба на работна група за животна средина со наслов: „Тркалезна маса за имплементирање на ЕУ директивите за квалитетот на воздухот“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Jавна расправа на тема: „Предлог-закон за социјална заштита...

Понеделник, 18  март 2019 година

Jавна расправа на тема: „Предлог-закон за социјална заштита“

Комисијата за труд и социјална политика на својата 41. седница ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-закон за социјална заштита“.

Јавната расправа ќе се одржи на 20 март 2019 година (среда), со почеток од 12:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ лицата...

Среда, 13 март 2019 година

Студиска посета во Холандија за правата на ЛГБТИ лицата

Пратеници, членови на  Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата ќе учествуваат на студиска посета во Холандија, во периодот од 13.3.2019 до 16.3.2019 година.

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на Комисијата за култура 13.3.2019...

Понеделник, 11 март 2019 година

Надзорна расправа на Комисијата за култура

Комисијата за култура на својата 23. седница ќе одржи надзорна расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.“

Прочитај повеќе

Положување на свежо цвеќе по повод 76 години од депортација...

Понеделник, 11 март 2019 година

Положување на свежо цвеќе по повод 76 години од депортација на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта - Треблинка

Собраниска делегација предводена од Фросина Ташевска Раменски, потпретседателка на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Костадин Ацевски, Далибор Богдановски и Драган Данев ќе положи цвеќе во:

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во...

Вторник, 5 март 2019 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Романија

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими координатор на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција; Емилија Александрова, член на Комисијата за одбрана и безбедност и надворешна политика; и Ане Лашкоска, член на Комисијата за надворешна политика, ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 6 до 9 март 2019 година во Букурешт, Република Романија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на состаноци на Политичкиот комитет и...

Понеделник, 4 март 2019 година

Собраниска делегација на состаноци на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста

На покана од ПС на НАТО, на состаноците на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, кои ќе се одржат од 4 до 6 март 2019 г. во Атина, Република Грција, ќе учествува Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО и Катерина Кузмановска, член на Делегацијата. 

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 25,2,19...

Понеделник, 25 февруари 2019 година 

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод одбележувањето на 15. годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател, Борис Трајковски, делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а во состав: Весел Мемеди, Далибор Богдановски, Жаклина Пешевска, Бранко Маноиловски и Елизабета Канческа-Милевска, на 26 февруари 2019 година (вторник), во 11.30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Алејата на великани, гробишта Бутел.

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот Фадил Зендели на Седница на Комисијат...

Петок, 22 февруари 2019 година

Учество на пратеникот Фадил Зендели на Седница на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на ПС на ПСЈИЕ во Црна Гора

Пратеникот Фадил Зендели, член на Делегацијата на Собранието на Северна Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), ќе учествува на Седницата на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на ПС на ПСЈИЕ, што ќе се одржи на 22 и 23 февруари 2019 година во Подгорица, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ 20.2.19...

Среда, 20 февруари 2019 година

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ

Од 21 до 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Прочитај повеќе
1...8910...21                      
Click