Четврток, 21 декември 2017 година
Четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 4. седница како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството (поднесен од пратениците: Емил Димитриев, Нола Исмајлоска Старова и Крсто Мукоски).
На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Власте Димковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваше пратеникот Мира Стојчевска.
На крајот од расправата, Комисијата без ниеден глас „за“, ниеден глас „воздржан“ и 6 гласа „против“, заклучи дека горенаведениот Предлог на закон не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.