Активности

Среда, 15 јануари 2020 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието, на денешната 29.Седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните (прво читање);

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Северна Македонија присуствуваше Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Благојче Веселиновски, претставник од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот, Цветковиќ ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците Љупчо Димовски и Мира Стојчевска. 

На крајот Комисијата, оцени дека Предлогот на  законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click