Активности

Петок, 10 јануари 2020 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на 28. седница одржана на 26 декември 2019 година, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратениците: Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили, Татјана Прентовиќ и Мирослав Јовановиќ.

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на предлагачите на Предлогот на законот присуствуваше пратеникот Мира Стојчевска.

Претставникот на предлагачите на Предлогот на законот пратеникот Мира Стојчевска, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (скратена постапка), учествуваше пратеникот Љупчо Димовски. 

Пратеникот Љупчо Димовски во својата дискусија истакна дека го поддржува предложеното законско решение за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој од причини што пратеникот оценува дека е добро По расправата Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието на Република Северна Македонија. 

Click