Активности

Петок, 13 април 2018 година, Белград

Интерпарламентарна конференција на тема "Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој:Научени лекции и идни перспективи"

Во рамките на Интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија, денеска во Белград, се одржува семинар на тема: "Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи". 

На конференцијата учествува делегација од Собранието на Република Македонија од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа пратениците: Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов.

Интерпарламентарната конференција беше отворена од г. Ненад Чанак, претседател на Комисијата за европска интеграција од Народното Собрание на Република Србија и г. Чеслав Шекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.

Обраќање имаше г. Владимир Маринковиќ, потпретседател на Народното Собрание на Република Србија; г-ѓа Јадранка Јоксимовиќ, министер за европски интеграции; г. Жељко Радошевиќ, државен секретар во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство; г-ѓа Елена Теокарус, пратеник во Европскиот парламент и член на Комисијата за надворешни работи и г-ѓа Стелијана Недера, заменик резидентен претставник на Програмата на Обединети нации за развој. 

На претстојната Интерпарламентарна конференција учествуваат и г. Бобан Илиќ, генерален секретар за рурален развој и животна средина (SWG) за Југо Источна Европа; г. Зоран Јањатовиќ, помошник министер за секторот за рурален развој и проф. Наталија Богданов од Факултет за земјоделство - Белград.

Click