Активности

Понеделник, 23 декември 2019 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за младинско учество и младински политики  

Комисијата за образование, наука и спорт на 41. седница, на 23 декември 2019 година одржа Јавна расправа по Предлогот на законот за младинско учество и младински политики. Јавната расправа беше во функција на прибирање практични искуства и предлози за квалитетно нормирање на оваа дејност, пред второ читање на Предлогот на законот за младинско учество и младински политики.    

На расправата покрај пратениците-предлагачи на законот присуствуваа  претставници на државни органи и образовни установи, невладини и синдикални организации, претставници на партиските подмладоци  како и експерти кои учествувале во подготовка на законот. 

Беа поканети претставници на меѓународни претставништва во државата кои ги поддржуваат младинските политики во Република Северна Македонија како: Делегацијата на Европската унија, УСАИД, Весминстер фондацијатата,  ОБСЕ и НДИ како и претставниции од Проектот ОБРАЗОВАНИЕ за вработување-Хелветас и други меѓународни организации.

Воведени  обраќања за Предлог законот за младинско учество и младински политики имаа: пратеничката Ивана Туфегџиќ во име на предлагачите на законот, Елизавета Наумовска, заменик на министерот за образование и наука како и Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт. 

Се истакна дека дека се работи за законски проект подготвуван од пратеници од речиси сите пратенички групи во рамките на Клубот за младински прашања како неформално парламентарно тело и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава и на НДИ.

Предлог законот има за цел да даде структурен и системски пристап кон сервисите и потребите на младите во остварувањето на личниот развој и своите вештини на долг рок, како и во процесите на креирање на младинските политики и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога.

Во девет глави, во Предлогот на законот се опфатени целта и дефинициите употребени во овој закон при што во предложените форми на младинско организирање за прв пат се опфаќаат и партиските подмладоци и младите од синдикалните оргнизации. Предложениот закон предвидува водење на регистар на формите на младинското организирање кој ќе го води Агенцијата за млади и спорт и младинско учество во спроведувањето на младинските политики како советодавни тела на национално и на локално ниво.

Предлог законот предвидува подготовка на стратешки документ за младите за период од пет години финансиран со буџетски средства. Националната стратегија ќе ја подготвува Агенцијата за млади и спорт низ транспарентен процес, а акциските планови за нејзина реализација ќе ги донесува Владата. Работата на младите на сите нивоа ќе се координира преку сервиси за млади во кои ќе се подготвуваат и спроведуваат програмите за личен и општествен развој на младите. 

Click