Активности

Петок, 10 јануари 2020 година

Педесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Северна Македонија, на 53. седница одржана на 8 јануари 2020 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Годишната програма за работата на Агенцијата за Пошти за 2020 година;
  • Годишна програма за работа и развој на Aгенцијата за цивилно воздухопловство за 2020 година;
  • Годишен финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2020 година.

На седницата на Комисијата присуствуваа: директорот на Агенцијата за Пошти, Билјана Аврамоска-Ѓореска и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев кои во своите излагања ги образложија предложените Годишни програми.

Додека во дискусијата по точките учествуваа пратениците: Благоја Деспотоски, Реџаиљ Исмаили, Лилјана Затуроска и Диме Велковски. 

На крајот од расправата, Комисијата, му предложи на Собранието да донесе Одлуки за давање согласност или одобрување за горенаведените Годишни програми за 2020 година.


Click